(Ова е вториот дел од дводелната репортажа за нашето кратко патување во Нирнберг. Првиот дел можете да го најдете овде.)

Божиќниот маркет во Нирнберг годишно го посетуваат околу 2 милиони посетители годишно и е најстариот и најпознатиот божиќен маркет во Германија, а можеби и во светот. Ако не сте биле на некој божиќен маркет до сега, ви го препорачувам овој, или оној во Виена.

Ден 2 – Божиќен базар

Иако сега веќе божиќни маркети има насекаде, дури и онаму каде што тоа не било традиција порано, и се повеќе и повеќе наликуваат едни на други. Откако целиот претходен ден го поминавме на саем за коли и симулатори за коли, следниот ден беше време за малку божиќна магија и германски студ.

Нирнбершиот божиќен маркет се одликува со неколку специјалности, карактеристични за Нирнберг и Баварија. И самиот Нирнберг има некој посебен шмек. Низ градот се уште може да се видат кочии со липицанери кои потсетуваат на некои минати, грофовски времиња 🙂

Како прво, тој базар не се вика Christmas market, туку Christkindlmarkt, што во превод би му дошло нешто како… Хм, не знам како би го превела ова 🙂 Christ – Христос, Kindl – дете, markt – базар/пазар. Е сега, би си помислиле дека тука се референцира на Исус Христос како дете, ама не! Christkindl е всушност жена со долга плава коса и личи како ангел. Не ја знам искрено целата приказна околу тоа, меѓутоа знам дека секоја втора година се избира кој ќе биде christkind за следната година (нешто како кај нас што се бира кум за бадник секоја година) и среќната избраничка официјално го отвара божиќниот базар со говор од пред црквата на главното плато. Всушност, ова е и фигурата која што им носела поклони на децата, пред да биде искомерцијализиран Дедо Мраз.

Базарот располага огромен број рачни изработки на божиќни украси и орнаменти со религиозна тематика. Всушност Баварија е една од најрелигиозните покраини во Германија, и религиозни празници се земаат ептен сериозно.

Има многу благи деликатеси, карактеристични за овој крај. Lebkuchen се традиционални божиќни колачи, кои што се малку суви за мој вкус, меѓутоа се јадат многу во овој период. Ако патувате low budget и сакате да донесете нешто од овој крај за најблиските како подарок, ова е дефинитивно подарокот. Меѓутоа купете ги од обичен супермаркет, зошто на божиќниот базар тоа задоволство ќе ве чини 15 евра за 6 парчиња (а можеби и повеќе).

Nuremberg Lebkuchen

Покрај класичните Lebkuchen, има и еден куп други слатки деликатеси. Би ви препорачала да ги пробате карамелизираните кикирики.

И секако, не го заборавајте најбитното. Напијте се по една чаша греено вино. Или уште подобро, една чаша Feuerzangenbohle. За разлика од грееното вино, овој специјалитет доаѓа со мал спектакл при приготвувањето. Виното се грее во големи казарни, а над казанот виси огромна коцка шеќер. На секои 30 – 60 минути, разѕвонуваат едно големо ѕвоно (за жал не го фатив на видеото), за да го свртат вниманието, и почнуваат. Се тура рум во големо ѓезве и се пали румот. И така запален се истура врз големата коцка шеќер. Таа се топи, карамелизира, и паѓа директно во казанот со греено вино.

Про тип: Една чаша е малку, две се многу. Ви зборувам од искуство.

Јадење/пиење

Во Нирнберг каде и да седнете, нема да згрешите. Она за што ние се одлучивме беше традиционална германска кујна во традиционални германски пивници и рестирани.

Пиво пиевме во една од најпознатите Нирнбершки пивници – Hausbrauerei Altstadthof. Служат домашно направено црвено пиво, и без претерување ќе кажам дека е едно од највкусните пива што сум ги пробала во животот. Задолжително да ја посетите оваа пивница ако ве носи патот накај Нирнберг. Тука исто дестилираат и виски, ама тоа не е моја пијачка, па нити пробав, а и да пробав немаше да знам да ви кажам дали е добро или не, бидејќи мене ниту едно виски не ми е вкусно.

Откако се напивме по едно пиво мислевме да прошетаме малку, и да ни се појави дур шетаме некое интересно место за јадење, меѓутоа времето беше многу ладно, Жарко го фаќаше некоја треска, и почнуваше да врне снег. Па решивме да скокнеме преку улица во Wirtshaus Hütt’n. Исто така класичен германски ресторан со класични германски специјалитети. Што и да нарачате, нема да згрешите. Меѓутоа внимавајте. Порциите се огромни, ова не го знаевме, слободно нарачајте една порција за двајца. Можеби келнерите ќе ве гледаат попреку, меѓутоа тие порции не се скроени за еден човек.
Pro tip: Дојдете малку пред да почне класичното време за ручек, или дојдете во некое време меѓу ручек и вечера. Надвор се чека ред за да се влезе, и ние чекавме едно добри 45 минути да влеземе.

Следниот ден беше time to say goodbye. Краток но сладок getaway. Си поминавме супер но си рековме, следен пат кога ќе одиме да посетиме некој божиќен базар, ќе бидеме комплетни. Ќе бидеме тројцата.

Можеби ќе ви се допаѓа

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *