Showing: 1 - 7 of 7 RESULTS
#НаТочак Патеписи

Првомајски #Наточак – Тур де Треска

Традиционално, како и велигденските празници, секоја година ги користиме и првомајските празници во форма на продолжени викенди #НаТочак за да ги дооткриеме сите неоткриени ќошиња на нашата прекрасна земја. Истата екипа од велигденската тура, минус Sуљо, пустиот не можеше да најде бејбиситер за Гаја. (Гаја е најпрекрасниот, најпитомиот и најпаметниот голден ритривер што сте го …

#НаТочак Патеписи

Велигденска тура #НаТочак

Традиционално веќе трета година по ред, велигденските празници наместо со прејадување и дремење дома ги користиме за да киднеме од градов и да си ја истражиме милата ни земјичка наша со точак. Останати ни се уште многу малку градови каде што немаме ставено знаменце дека сме ги прошле со точак, па решивме овој пат таа …

#НаТочак Македонија Патеписи

#НаТочак низ Прилепско Поле

Знаете како секогаш се организираат велосипедски маратони од разни велосипедски клубови? Па доаѓаат оние бајкерите со скапи точаци облечени во Борат униформи? Па се тркаат негде таму по планини брда низ калови и блата? И вие си викате еееееееј, баш ми се вози некаде вака, ама не можам јас со овие, ни кондиција имам, ни …

#НаТочак Македонија Патеписи

#НаТочак низ западна Македонија vol.4 – Тур де Изборна Единица 6

Ова е една многу среќна приказна со многу несреќен крај.  Ден 1. Гостивар – Маврово – Дебар. Ги натоваривме точаците на воз рано сабајле, и во 8 и кусур веќе бевме во Гостивар, спремни да го истражуваме западниот дел од нашата земја. Откако доручкувавме и удривме достојна доза на благо, започна нашата авантура.  Делницата од …

#НаТочак Македонија Патеписи

Низ Македонија #НаТочак vol. 3 – Тур де Повардарие

Оригинално планот беше друг, но времето ни ги помати плановите, па наместо 4 дневна тура во природа, овој продолжен велигденски викенд изгледаше вака – 2 дена седење по дома и упатување на молитви на секој пола саат дождот да прекине, и 2 прекрасни дена поминати на точак. Минатите два пати бевме низ северо-источна и југоисточна …

#НаТочак Македонија Патеписи

#наточак низ источна Македонија vol.2 ака Тур де Прдејци

Без разлика дали е рибарење, пентарење по карпи, скијање, гроздобер, садење марули или возење точак, контактот со природата дава посебен внатрешен мир, кој не може да се замени со ниеден фенси ручек и денска кафе шема во бетонското лудило. Минатиот пат возевме низ североисточна Македонија, овој пат на репертоарот беше југоистокот. Истражи ја Македонија на …

#НаТочак Македонија Патеписи

#Наточак низ Македонија vol.1 – Тур де источна Македонија

Се погодија празниците, се погодија и луѓето, се собравме 8 души и се здадовме со точаците да свртиме кругче низ источна Македонија. Ден 1. Мало доцнење од пола саат од моја страна, бидејќи претходната вечер заглавив со Зоц (Зоц фала пивската кригла од Малта). Ранте го нема, недостапен на телефон. Не знаеме што да правиме, …