Showing: 21 - 30 of 41 RESULTS
#НаТочак Патеписи

Првомајски #Наточак – Тур де Треска

Традиционално, како и велигденските празници, секоја година ги користиме и првомајските празници во форма на продолжени викенди #НаТочак за да ги дооткриеме сите неоткриени ќошиња на нашата прекрасна земја. Истата екипа од велигденската тура, минус Sуљо, пустиот не можеше да најде бејбиситер за Гаја. (Гаја е најпрекрасниот, најпитомиот и најпаметниот голден ритривер што сте го …

#НаТочак Патеписи

Велигденска тура #НаТочак

Традиционално веќе трета година по ред, велигденските празници наместо со прејадување и дремење дома ги користиме за да киднеме од градов и да си ја истражиме милата ни земјичка наша со точак. Останати ни се уште многу малку градови каде што немаме ставено знаменце дека сме ги прошле со точак, па решивме овој пат таа …

Виетнам Кина Патеписи

Патувачки дневник – Виетнам и Хонг Конг, 2 дел

Види претходно: Сихануквил Виетнам воопшто не беше така привлечен и интересен како што ни се чинеше првиот пат кога стигнавме во Хо Ши Мин. Гужва насекаде, гласно, стаорци на секое ќоше, дилери те влечат за рака на улица да ти шитнат кокаин, курви те влечат за рака и те молат да ти пружаат саки саки …

Камбоџа Патеписи

Патувачки дневник: Сихануквил

Види претходно: Сием Рип  Сихануквил е градче во Тајландскиот залив, поприлично грдо. Меѓутоа затоа околните плажи и острови надокнадуваат. Се истоваривме на автобуската и во координација со Австралијанците што ги запознавме во автобусот се упативме кон Отрес бич. Отрес бич е едно место каде што времето не тече. Паралелен универзум каде што сè е споро, …

Камбоџа Патеписи

Патувачки дневник: Сием Рип

(Овој блог пост претходно е објавен на Џабест) Стигнавме сабајлето во нешто што наликуваше на предградие во Пакистан. Времето уште пожешко, ние уште понебањати. Се качивме на тук тук, и се упативме кон нашиот хостел. Беше ужасно жешко, а возачот појма немаше каде оди. Застана на три различни краја од градот, и на крај некако …

Камбоџа Патеписи

Патувачки дневник: Камбоџа – До Сием Рип преку Пном Пен

(Овој блог пост претходно е објавен на Џабест)Разликите меѓу Виетнам и Камбоџа беа воочливи веднаш откако преминавме граница. Трошни куќички на колци од бамбус, инфраструктура што е малтене без асфалт и луѓе на сите страни што нудат да ви купат/проддат долари. Патувањето продолжи во автобусот после паузата за ручек, продолживме да се клацкаме по нерамните …

Виетнам Патеписи

Патувачки дневник: Виетнам, дел 1

(Овој блог пост претходно е објавен на Џабест) Една од убавите работи сo овие југоисточни азиски земји е што за голем дел од нив бирократијата за визи е сведена на чиста формалност. Сe аплицира онлајн, после два дена ти ја одобруваат апликацијата, ти ја праќаат по мејл, ти ја принташ, и со тоа пусулче одиш …

Кина Патеписи

Патувачки дневник: Гуангжу

Се истоварив на паркингот пред Гарден хотел. Насекаде околу мене булевари со 5 ленти во насока. Галама, бучава и многу смог. А небото сиво. Моето инсистирање сестра ми да ми ја каже адресата и јас да си фатам такси до таму беше неуспешно. “Јована, нема да се снајдеш.” Доживеав и тоа, мојата помала сестра да …

Кина Патеписи

Патувачки дневник: Хонг Конг

Овој блог пост претходно е објавен на Џабест. Хонг Конг ме пречека со стандарден дневен метеж и пролетно летни температури. Воздухот поприлично влажен и загаден. Луѓето претежно насмеани. На договореното место ме пречека Лео, 27 годишен дечко од Германија, што работи во Хонг Конг. Каучсурфер. (ви пишував еднаш за каучсурфинг, пак да ве потсетам: супер …

Азија Патеписи

Патувачки дневник: Патувањето

(овој блог пост првично беше објавен на Џабест) Ова е еден од низата блог постови кои ќе следат посветени на моето скорашно патување низ југоисточна Азија. Се решив на самото патување до таму да му посветам посебен блог пост, бидејќи само по себе си заслужува посебен текст. Дојде и денот, конечно тргнав на пат да …