Оригинално планот беше друг, но времето ни ги помати плановите, па наместо 4 дневна тура во природа, овој продолжен велигденски викенд изгледаше вака – 2 дена седење по дома и упатување на молитви на секој пола саат дождот да прекине, и 2 прекрасни дена поминати на точак. Минатите два пати бевме низ северо-источна и југоисточна …
Вевчански карневал 2014 – лудо племе
Лани бев прв пат, и кога се вратив малку бев како шлакната, ми требаа неколку дена да се стабилизирам. Годинава знаев веќе што ме очекува. Секогаш смешни, секогаш сатирични, секогаш без пардон. Но карневалот не е само маските. Низ нетов искружија одлични галерии, многу добри кадри. Но за разлика од другите карневали, овие не само …
#наточак низ источна Македонија vol.2 ака Тур де Прдејци
Без разлика дали е рибарење, пентарење по карпи, скијање, гроздобер, садење марули или возење точак, контактот со природата дава посебен внатрешен мир, кој не може да се замени со ниеден фенси ручек и денска кафе шема во бетонското лудило. Минатиот пат возевме низ североисточна Македонија, овој пат на репертоарот беше југоистокот. Истражи ја Македонија на …
#Наточак низ Македонија vol.1 – Тур де источна Македонија
Се погодија празниците, се погодија и луѓето, се собравме 8 души и се здадовме со точаците да свртиме кругче низ источна Македонија. Ден 1. Мало доцнење од пола саат од моја страна, бидејќи претходната вечер заглавив со Зоц (Зоц фала пивската кригла од Малта). Ранте го нема, недостапен на телефон. Не знаеме што да правиме, …
Вевчански карневал 2013 – или сагата на едно “јанесуодавде” скопјанче во бел капут
Ми рекоа после ова ќе се вратиш оштетена во умот. Ми рекоа ај утре со лесно. Ми рекоа дека вакво нешто не сум видела во животот. Мислев претеруваа. А тие ни приближно не ми доловија што ме чека – неговото височество Вевчански Карневал. Не знам од каде да почнам. Обично викаат почни од почеток, ама …
Foo Fighters и бела Италија
Не ни требаше многу да се решиме. Ефтин лет Скопје – Тревизо, визи не ни потребни (шуќур), а Фу Фајтерс на 80 км од Тревизо. Продадено. Јас сум била претходно неколку пати во Италија. Што со авион, што со автобус, што со воз. Ама никогаш до сега со кола. Освен стандардното дека италјаните се многу …
