Мароко Патеписи

Патувачки дневник: Мароко – пустината (дел 2)

Види претходно: Патувачки дневник: Мароко – пустината (дел 1) Станавме сабајлето рано за на доручек. Рекичката жубореше, ветрето пиркаше, сонцето уште го немаше допрено кањонот. Се искачивме со комбето по едно патче до врвот на кањонот да си ги исплакнеме очите со глетка што најдобро може да се опише како: АЈМДКИНГОФДВОРЛД. Првата дестинација на патот …

Мароко Патеписи

Патувачки дневник: Мароко – Пустината (дел 1)

Види претходно: Казабланка The moment we’ve all been waiting for – пустини, бедуини, камили. Hell yeah! Ивана и Буце беа госпоѓи дојдени со куфери на ова патување, па хипстерот Јована дојдена со ранец на плеќи носеше облека за сите три дена за сите. Тргнавме од Маракеш рано сабајле во комбе заедно со 2 шпанки, една …

Мароко Патеписи

Патувачки дневник: Мароко – Казабланка

Види претходно: Рабат Стигнавме доцна вечер во белиот град. Хотелот ни беше буквално на 5 минути пешки. Меѓутоа ние бевме многу уморни од цел ден шетање и мафтање по возови и решивме да фатиме такси. Возењето во такси до хотел траеше, без претерување 45 минути. Таксистот сврте 8 круга низ градот, отиде до околните предградија …

Мароко Патеписи

Патувачки дневник: Мароко – До Казабланка виа Рабат

Патување со автобуси беше минато. Ги поминавме брдата, ги поминавме планините, ни претстоеја рамни дестинации покрај море и низ пустини. Се качивме рано сабајле на воз за Рабат. Железницата во Мароко е под ингеренции на француското SNCF, па така можете да претпоставите само какви им се возовите и инфраструктурата: бесшумни возови, без доцнење, најава на …

Македонија Патеписи

Патувачки дневник: Мароко – Танжир

Во Танжир дојдоа и првите сообраќајни гужви и првите разочарувања со смештајот во Мароко. Откако успеавме да фатиме такси (стигнавме во Сабота навечер, по улиците беше толку гужва што 45 минути чекавме да најдеме слободно такси што ќе не однесе до центарот за пристојна цена), се симнавме во центарот и почнавме да одиме пешки по …

Мароко Патеписи

Патувачки дневник: Мароко – Шефшауен

Станавме рано сабајлето во ријадот во Фез, и откако доручкувавме, се упативме накај автобуската станица да фатиме автобус накај Шефшауен. Шефшауен е оддалечен околу 200 километри од Фез. Прашавме колку време ќе трае вожњата – пааааааа околу 3-4 саати. Ме облеа ладна пот, почнаа да ме маваат флешеви од Камбоџа каде што 200 километри ги …

Мароко Патеписи

Патувачки дневник: Мароко – Фез

Пред да почнам да ви раскажувам и да ви пишувам одделно за моето патешествие низ Мароко, дозволете да ја претставам екипата со која што патував: Ивана – тушла, Буце – принцеза. Едната гори луѓе со цигари кога е лута, другата кога ја бркаат полицајци со кола, им отвара прозор и им вика: чичко полицаец, онде …

#НаТочак Патеписи

Првомајски #Наточак – Тур де Треска

Традиционално, како и велигденските празници, секоја година ги користиме и првомајските празници во форма на продолжени викенди #НаТочак за да ги дооткриеме сите неоткриени ќошиња на нашата прекрасна земја. Истата екипа од велигденската тура, минус Sуљо, пустиот не можеше да најде бејбиситер за Гаја. (Гаја е најпрекрасниот, најпитомиот и најпаметниот голден ритривер што сте го …

#НаТочак Патеписи

Велигденска тура #НаТочак

Традиционално веќе трета година по ред, велигденските празници наместо со прејадување и дремење дома ги користиме за да киднеме од градов и да си ја истражиме милата ни земјичка наша со точак. Останати ни се уште многу малку градови каде што немаме ставено знаменце дека сме ги прошле со точак, па решивме овој пат таа …

Виетнам Кина Патеписи

Патувачки дневник – Виетнам и Хонг Конг, 2 дел

Види претходно: Сихануквил Виетнам воопшто не беше така привлечен и интересен како што ни се чинеше првиот пат кога стигнавме во Хо Ши Мин. Гужва насекаде, гласно, стаорци на секое ќоше, дилери те влечат за рака на улица да ти шитнат кокаин, курви те влечат за рака и те молат да ти пружаат саки саки …